Облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 л/м² за 24 часа). Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 11°C, а максимумот од 12 до 18°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
4 Берово, 5 Струмица, 9 Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Куманово, Тетово, Крушево, Маврови Анови, 10 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Гевгелија, Лазарополе, 12 Прилеп, 13 Битола, Виница, 14 Демир Капија, Велес, Штип.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
22 Лазарополе, 8 Маврови Анови, 7 Пожаране, 6 Попова Шапка, 5 Тетово, 4 Крушево, 2 Скопје–Зајчев Рид, 1 Скопје-Петровец, Струмица.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 13.0, Преспанско Езеро 10.0, Дојранско Езеро 14.0.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: meteo@telma.com.mk
