Вести Македонија Топ вести

Кривичниот совет ги одби жалбите – потврден притворот на директорот во „Комунална хигиена“ Скопје

Кривичниот совет ги одби жалбите и го потврди притворот на директорот и на управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Основниот кривичен суд Скопје на 28 октомври годинава го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Предлогот на Обвинителство е поради основано сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230, став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад, што резултирало со создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје.

Вонредните инспекциски надзори и експертското мислење од Институтот за јавно здравје потврдиле дека ваквото управување со отпадот предизвикало оштетување на почвата, воздухот и водата, со потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

(Видео/Фото) Франција со воена парада го одбележа Денот на Бастилја

Kristina Kuzmanovski

Падна Владата на Украина, премиерката Свириденко поднесе оставка

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе