Вести Македонија

Откриена дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана се пронајдена при претрес на стан во Гостивар  каде престојувала студентка, државјанка на Република Турција.

Како што соопшти Царинската управа, инспектори од Одделението за истраги при претресот извршен по налог на надлежното обвинителство, биле пронајдени шест таблети од психотропната дрога метилендиоксиметамфетамин , 1,63 грама мефедрон, марихуана и десет семки од канабис.

-Во текот на предистражната постапка е утврдено дека студентката примила авионска пратка испратена од физичко лице од Белгија, заведена како „нотес“. По приемот на пратката, осомничената ја отворила и од неа ја извадила дрогата. Во истиот момент, царинските инспектори, со налог на јавен обвинител, извршија претрес, при што е пронајдена дрогата, се наведува во соопштението.

Со наредба на јавниот обвинител, запленетите супстанци се доставени на вештачење во Министерството за внатрешни работи, каде е потврден нивниот хемиски состав.

Против осомничената е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Од септември примена на „просечна потрошувачката кошничка“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе