Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, пристигна во Москва, а снимки од неговото доаѓање објави руската државна телевизија.
Посетата се случува само неколку дена пред рокот што Белата куќа ѝ го постави на Русија за постигнување мировен договор со Украина.
Доколку не се постигне договор до петок, Вашингтон најави дека Русија ќе се соочи со остри економски санкции и високи тарифи.
Засега нема потврда дали Виткоф ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
И покрај серијата ветувања, закани и дипломатски напори од Трамп, Кремљ сè уште не покажува промена на ставот, а дипломатскиот ќорсокак продолжува.
Русија ги зголеми нападите врз Украина и покрај повиците за мир од Трамп
