Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека неговите царини ѝ носат „многу пари“ на државата. Говорејќи пред новинарите на воздухопловната база „Џоинт Бејс Ендруз“ во Мериленд, Трамп изјави:
„Нашата земја заработува многу пари, многу пари, за првпат по долго време“.
Изјавата доаѓа во време кога Европската Унија најави дека ќе ги суспендира одмаздничките царини за американски производи што требаше да стапат во сила денеска, со надеж дека до крајот на месецот ќе се постигне трговски договор со администрацијата на Трамп.
