Вести Свет Топ вести

Ова е предавство, кој и да е, мора да одговара – Виткоф за протекувањето на информации за нападите на САД врз Иран

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со жестоки реакции за протекувањето на информации за воздушните напади на САД врз Иран. Специјалниот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф за „Фокс њуз“ изјави дека станува збор за предавнички чин.

„Тоа е срамота, тоа е предавство и мора да се истражи. Кој и да е одговорен за тоа, мора да одговара“, рече Виткоф.

Тој додаде дека ги прочитал сите извештаи за проценките на штета и заклучил дека „нема никаков сомнеж“ дека сите три ирански нуклеарни постројки кои беа погодени во американскиот напад се уништени.

Исфахан погоден со ракети „Томахавк“, а не со бустер бомби, штети врз објектите на земја, најголем дел од центрифугите „недопрени“ – американски разузнувачи за операцијата на САД врз Иран

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Амандманот за „модерен“ македонски јазик е лицемерие

Дејан Дејан

Паркингот на Клинички Центар не е доволен за сите – министерот нуди привремено решение

Дејан Дејан

Мисајловски смета дека во наредната деценија Македонија може да достигне 5% од БДП за буџет на одбраната,

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе