Евентуален американски напад врз иранската нуклеарна постројка „Фордо“ можеби нема да ги донесе посакуваните ефекти, дури и со употреба на т.н. масивни бомби за уништување на бункери, изјави стручњакот за национална безбедност, Џо Сиринчоне за „Еј-Би-Си“.
Според него, бомбите ГБУ -57 А/Б, познати како разорувачи на бункери, ќе биде исклучително тешко да се уништи длабоко вкопаната локација која е заштитена со бетон и метал, особено со оглед на непознатите карактеристики на заштитниот слој.
Сиринчоне, кој со децении ја истражуваше нуклеарната пролиферација, објасни дека уништувањето на „Фордо“ ќе биде исклучително тешко, иако нападот би можел значително да ја ослабне иранската нуклеарна програма.
„„Фордо“ не е лесна мета, а бомбардирањето не би можело да гарантира целосен успех“, вели Сиринчоне.
Тој предупреди дека нападот, дури и да предизвика штета, може само да ги забави иранските нуклеарни активности, со оглед на тоа дека земјата има доволно збогатен ураниум и центрифуги на други локации.
„Фордо“, кој се наоѓа длабоко под планина, е заштитен со бетонски слој со дебелина од 90 метри, поради што е тежок за погодување. Инаку, ГБУ-57А/Б може да продре до 60 метри во подземна мета, па затоа стручњаците сметаат дека напад на таа локација веројатно само би го оштетила дел од објектот.