Националната гарда пристигна во Лос Анџелес пред протестите кои се предвидени да се оддржат во текот на денот.
На вториот ден на протестите против апсењето на нелегални мигранти почна да се спроведува одлуката на претседателот Трамп за распоредување на 2 илјади војници од Национална гарда. Белата Куќа ја оправда одлуката со обвинување дека локалните власти не успеале да се справат со насилствата. Немирите продолжија и денеска кога федералните миграциски служби повеќепати се судрија со демонстрантите кои се спротиставија на масовните апсења на нелегални мигранти.
Беше фрлен солзавец и експлозивни направи кон демонстрантите кои се бранеа со камења и шишиња, а досега има неколку повредени. А во тензичната ноќ беа приведени над 100 демонстранти.
„И кога работите се решаваат на начинот на кој се чини дека се решаваат, не е изненадување што ќе следи хаос“ изјави Пеги Лемонс, градоначалничка на Парамаунт.
Демократскиот сенатор Берни Сандерс го обвини Трамп дека ја турка земјата кон авторитаризам. Сандерс рече и дека Трамп мисли дека има право да прави што сака, но републикански сенатор го бранеше потегот велејќи дека тоа е обид да ги деескалира тензиите.
Трамп претходно упати низа критики до локалните власти дека не си ја завршиле работата и дека сега федералната влада ќе ги преземе работите и ќе стави крај демонстрациите.
Националната гарда е најстарата компонента на вооружените сили која располага со 325 илјади војници од сите сојузни држави и територии. Таа служи на државно и на федерално ниво, а се распоредува во случај на вонредни состојби, природни непогоди и други борбени мисии.
Теа Димковска