Зеленски во саботата ги осуди најновите руски напади врз Харков
„Тоа беше брутален напад врз градот сред бел ден“, рече Зеленски на својот дневен брифинг.
Украина вели дека голем руски напад со беспилотни летала и ракети го таргетирал источниот град Харков, при што загинале најмалку три лица, а 21 се повредени.
Локалните украински претставници изјавија дека нападот во саботата вклучувал смртоносни воздушни бомби.
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија нападнала со 215 ракети и беспилотни летала преку ноќ, а украинската воздушна одбрана соборила и неутрализирала 87 беспилотни летала и седум ракети.
„Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози. Тие мора да бидат одговорни за ова“, рече тој.
Украинскиот лидер, исто така, ги повика меѓународните партнери да ја сметаат Русија за одговорна за тековните воени напори.
„Во моментов во Харков им се пружа помош на луѓето кои беа повредени од руските бомби. Тоа беше брутален напад врз градот сред бел ден, а тие го напаѓаа нашиот град Харков во текот на целиот ден. Во текот на ноќта, Харков претрпе масовен напад со беспилотни летала, а сега се работи за воздушни бомби. Десетици луѓе беа погодени во текот на денот. За жал, има жртви“ изјави Володимир Зеленски, украински претседател.