Вести Најважни Свет

Федерален суд во САД ги блокираше реципрочните царини на Трамп

Федерален судија во САД ја блокираше примената на реципрочните царини што претседателот Доналд Трамп ги воведе на 2 април, поради тоа што судот оценил дека Трамп ги надминал своите овластувања.

Според одлуката, овластувањето за регулирање на трговијата со други земји е во рацете на Конгресот, и не може да се пренесе на претседателот преку вонредни мерки.

Сепак, судската одлука не се однесува на царините од 25 проценти што Трамп ги воведе за увоз на автомобили, челик и алуминиум, кои остануваат во сила.

Судот во Менхетен нагласи дека претседателот нема овластување да воведува царини врз основа на реципрочност, односно да казнува земји кои извезуваат повеќе во САД отколку што увезуваат.

Владата на Трамп веднаш поднесе жалба на оваа одлука до Апелациониот суд, со што процесот ќе продолжи во повисока судска инстанца.

Ова е нов пресврт во трговската политика на САД, која предизвика бројни реакции во светската економија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе