Вести Македонија Најважни

Што сѐ ѝ е потребно на кочанската болница?

Заврши евалуцијата на состојбата на повредените од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Тим од лекари од скопските клиники минатата недела прегледаа над 110 пациенти кои се вратија од странските болници, коишто секојдневно се на физикална терапија и преврески во кочанската болница.

Директорката на Општата болница, Кристина Серафимова вели дека бројот на прегледани е поголем, бидејќи на повикот се јавиле и повредните кои биле хоспитализирани на македонските клиники и на нив им е извршен преглед, сега го чекаат извештајот од лекарите кои ја направија евалуацијата.

И волонтерите од „Support Kocani“ деновиве се насочени кон добивање на соодветна финансиска и медицинска помош за повредените. Иван Ивановски вели дека тоа ќе им е главниот приоритет и ќе им биде во фокусот додека не заврши лекувањето на повредените.

Гледаме дека некои од децата се вратени и со отворени рани, некои имаат покомплицирани повреди, на некои ќе треба после да им се прави додатно пластична операција. Знаете дека нашата кочанска болница не располага толку со кадар, ниту опрема некоја специјална и најголемиот страв е да не се случи некаков проблем, како фаќање на бактерија и нешто слично и не дај Боже да дојде до сепса и се искомплицира. Заради тоа што веќе имаше неколку случаеви, при преврска повторно кожата е откинана. Сами луѓе доаѓаат и ни кажуваат нас, изјави ивановски.

Четириесетте повредни кои одат на физикална терапија и над 70-те пациенти кои имаат редовни преврски во болницата во Кочани сведочат дека лекарите и медицинскиот персонал е на висина на задачата.

Директорката на Општата болница, Кристина Серафимова вели дека во моментов имаат лекари, но им недостасуваат медицински сестри.

Најмногу што сега во моментот ни треба е персонал, оти нели ме прашавте за бројот на пациенти. Реално имаме многу медицински сестри коишто заминаа во пензија. Во моментов имаме доктори и ни требаат повеќе медицински сестри, бидејќи реално се изморени од таа гледна точка, рече серафимова.

На кочанските здравствени работници им помагаат лекари, физиотерапевти, инструметарки и од болницата од Штип.

Процесот на лекување на повредните, кои се пред се млади луѓе ќе трае подолг временски период и ќе мора да внимаваат изгорениците на екстремитетите или на лицето да не изложуваат на сонце.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Од септември примена на „просечна потрошувачката кошничка“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе