Вести Македонија Најважни

Закана од блокада на институциите во Кочани доколку не се избере нов градоначалник

На локалните институциите во Општина Кочани им се заканува блокадa во функционирањето, доколку наредната недела не се избере веде градоначалник, откако пред три недели по трагедијата во дискотеката „Пулс“ оставка си поднесе градоначалникот Љупчо Папазов, а потоа заврши и во притвор. Граѓаните, граѓанските активисти бараат веде градоначалникот да се избере веднаш, 19 советници да ја свикаат седницата на Советот и со консензус да ја донесат одлуката за веде градоначалник до локалните избори. Венко Крстевски независен советник во Советот на општината вели дека Кочани по несреќата е обезглавен град,  ниту една локална институција или претпријатие не може да функционира.

Независниот советник Крстев вели дека ветувања за финанска помош за Општина Кочани има, но во изминатите три недели на терен ја нема. Во моментов какошто вели не може да се работи на ниту на тековните, ниту на идни проекти.

Крстевски вели дека на Кочани му треба веде градоначалник кој до локалните избори нема само формално да ја извршува функцијата, туку ќе работи на терен, за  да ги отсрани и ги реши аномалиите во другите угостителски објекти  да не се случи нова трагедија. Во Кочани утре во 12 часот  на мирен Марш  за ангелите излегуваат семејствата на загинатите во пожарот во Кочани, а во 15.59 е маршот на семејствата на телохранителите кои се во притвор по пожарот во кочанската дискотека.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистрирани 12 пожари во Македонија, активен е само еден

Kristina Kuzmanovski

Жител на Курбиново заврши на интензивно лекување по напад од мечкa

Kristina Kuzmanovski

Кумановци стравуваат од кражби, МВР вели се повеќе случаи се решаваат

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе