Вести Македонија

Намален бројот на пациенти во тешка состојба, дел веќе се пуштени дома

Сите пациенти кои се лекуваат и во Македонија и во странство се во стабилна состојба, кажа министерот за здравство, Арбен Таравари. Според него, здравствената состојба на голем број пациенти полека се подобрува. Вчера имало дваесет пациенти во потешка состојба, но денес тој број е намален на десет, и сите се надвор од животна опасност. Тројца пациенти веќе се пуштени на домашно лекување, а уште тројца се планира да бидат отпуштени утре. Сепак, пред исписот, сите пациенти ќе мора да поминат токсиколошки анализи.

„На сите пациенти кои ќе се испишуваат од болничко лекување ќе им се прават токсиколошки анализи, така заклучивме на Кризен штаб. Затоа и денес не брзавме да ги испишеме тие неколку пациенти кои беа за испис. Ќе дојдат искусни токсиколози кои ќе направат испитувања, за да бидеме сигурни пред да ги пуштиме на лекување во домашни услови“, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Во моментов, во државата се лекуваат 72 пациенти, распоредени во државни и приватни болници.

„На Клинички центар „Мајка Тереза“ се лекуваат 34 пациенти, во Градска општа болница 8-ми Септември се 15 пациенти, во Градска општа Болница-Хирургија Св. Наум Охридски се 11 пациенти, а во Штип е само еден пациент. Од приватните болници во Систина се седум пациенти, а во Жан Митрев се четири“, додаде Таравари.

Во текот на денот уште двајца пациенти ќе заминат на лекување во Турција и шест во Шпанија. Сто и еден пациент се лекуваат во странство, распоредени во тринаесет држави, а најголем број се во Србија триесет пациенти, Бугарија петнаесет и Грција дванаесет.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ќе добие безбедносна зона од 1,5 хектар, со воздушна граница од 100 метри во вис и забрана за протести- ќе предизвика и финансиски трошоци за откуп на земјиштето планирано за приватен паркинг

Дејан Дејан

Универзитетски професор со втор министерски обид и поранешен новинар и маркетинг агент- Собранието ги објави биографиите на предлозите за нов министер и заменик министер

Дејан Дејан

„Ѓаволот е во деталите“ потенцира Арсовски – низок изборен праг може да донесе фрагментирано собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе