Минималец од 500 евра преку замрзнати или субвенционирани придонеси. Пратениците во Собранието денес добија нов закон и нов предлог, едниот од опозициската СДСМ другиот од ССМ, по кои допрва ќе треба да се произнесат.
Од Синдикатите денес соопштија дека во предлогот кој го доставија и до Владата и до Организацијата на работодавачи се бара покрај редовното и со закон утврдено покачување на минималната плата во март, кое според пресметките ќе изнесува околу 1.800 денари и минималецот ќе се покачи на 24 илјади, да има дополнително зголемување на минималецот за дополнителни шест илјади денари за кои придонесите Владата или ќе ги субвенционира или ќе ги ослободи работодавачите во период од 12 месец.
За ССМ е нејасно зошто Владата сеуште тактизира со утврдување на репрезентативноста на синдикатот и не именува тројца нови членови во Комисијата за утврдување и да ги пополни местата кои претходни ги испразни.
Предлогот законот на СДСМ пак предвидува зголемување на платите во приватниот сектор и замрзнување на придонесите во период од една година. Пресметките се дека ќе опфати околу 400 илјади вработени и дека ќе генерира 585 милиони евра дополнителен приход за граѓаните.
Денес и партијата Левица достави предлог платите да се исплаќаат најдоцна до петти во месецот.
Огнен Чанчаревиќ
