Вести Македонија Најважни

ССМ со конкретен предлог за 500 евра минималец

Минималец од 500 евра преку замрзнати или субвенционирани придонеси. Пратениците во Собранието денес добија нов закон и нов предлог, едниот од опозициската СДСМ другиот од ССМ, по кои допрва ќе треба да се произнесат.

Од Синдикатите денес соопштија дека во предлогот кој го доставија и до Владата и до Организацијата на работодавачи се бара покрај редовното и со закон утврдено покачување на минималната плата во март, кое според пресметките ќе изнесува околу 1.800 денари и минималецот ќе се покачи на 24 илјади, да има дополнително зголемување на минималецот за дополнителни шест илјади денари за кои придонесите Владата или ќе ги субвенционира или ќе ги ослободи работодавачите во период од 12 месец.

За ССМ е нејасно зошто Владата сеуште тактизира со утврдување на репрезентативноста на синдикатот и не именува тројца нови членови во Комисијата за утврдување и да ги пополни местата кои претходни ги испразни.

Предлогот законот на СДСМ пак предвидува зголемување на платите во приватниот сектор и замрзнување на придонесите во период од една година. Пресметките се дека ќе опфати околу 400 илјади вработени  и дека ќе генерира 585 милиони евра дополнителен приход за граѓаните.

Денес и партијата Левица достави предлог платите да се исплаќаат најдоцна до петти во месецот.

Огнен Чанчаревиќ 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Британија го зголемува военото присуство во Естонија

Tea Dimkovska

Хутите подготвени да го затворат теснецот Баб ел-Мандеб доколку САД нападне иранска енергетска инфраструктура

Tea Dimkovska

Протести во Киев по смената на министерот за одбрана

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе