Вести Македонија Најважни

Андов дозволил привремено да шетаат на слобода пет осуденици од висок безбедносен ризик

Петмина осуденици од затворот во Шуто Оризари, незаконски биле привремено ослободувани по 8 до 10 часа, а тоа им го овзоможувал поранешниот директор Филип Андов кој е осомничен заедно со уште девет лица во постапката на Обвинителството за гонење на органзииран криминал и корупција. Тие се гонат за „Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ и кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Првосомничениот, злоупотребувајќи ја својата службена должност на директор на установата, во период од март до јули 2024, со намера да им овозможи корист, односно противзаконска поволност на петмина осуденици и привремено да ги ослободи, дозволил и наредил осудените кои биле од висок безбедносен ризик во повеќе наврати да добијат и да се стекнат со поволности што согласно судските одлуки не им следувале“, соопштуваат од ОЈО ГОКК.

Спроведувањето на осуденици од затвор се спроведува единствено до суд, здравствена установа или друг орган. Но, тие доставувале молба до Андов кој со факсимил или потпис одобрувал повремено да го напуштат затворот. Второосомничен е командирот на затворска полиција, кои изготувал наредба за нивен спровод, а понекогаш тоа го прваел и третоосомничениот затворски полицаец и личен возач на директорот.

„Одобрените наредби третоосомничениот ги предавал на останатите осомничени затворски полицајци, кои иако знаеле дека таков спровод на осудено лице е спротивен на законот и процедурите, го извршувале користејќи службени возила и службено гориво на установата и ги носеле осудените до определените места ослободувајќи ги да извршуваат приватни работи, а по 8 до 10 часа ги враќале назад во затворот. За извршената наредба на дел од осомничените затворски полицајци првоосомничениот им одобрувал прекувремени работни часови“, посочуваат од ОЈО ГОКК.

Со тоа тие предизвикале штета на Буџетот за сметка на мала имотна корист. Десетоосомничениот затворски полицаец не пријавил дека одредена група на осуденици кои биле сместени во импровизирани простории не се присутни. При ненајавен вонреден надзор, Управата за извршување на санкции констатирала дека недостасуваат 11 осуденици. Андов со тоа што не преземал мерки, бидејќи просториите во кои биле сместени осудените лица не ги исполнувале законските услови, односно биле имровизирани и без посебен надзори овозможил  услови кои што довеле до нивно бегство. Затворскиот полицаец заедно со Андов се гони и за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“.

Обвинителството до Кривичниот суд достави предлог за определување на мерки на претпазливост за осомничените.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Новата шефица на британското разузнавање била внука на нацистички шпион

Дејан Дејан

Иран инсистира на збогатување ураниум на своја територија

Дејан Дејан

Умеров: Украина може да произведува четири милиони дронови годишно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе