Вести Македонија Најважни

(ВИДЕО) Повреден пожарникар при интервенција на пожар кој избил во магацин во тетовско

Голем пожар доцна синоќа зафати два објекти кои се користеле како магацински простор каде се чувал полиестер во општина Врапчиште.

РЦУК – Тетово, известува дека ТППЕ Гостивар, од 00:45 часот со 9 пожарникари и 3 ПП возила интервенираат на опожарен објект во с.Неготино (општина Врапчиште). Се работи за магацин за производство на полиестер кој се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот е делумно изгорен, информираат од Центарот за управување со кризи.

Веднаш по пријавата на терен излегле 9 пожарникари со 3 противпожарни возила од ТППЕ од Тетово.

„Од страна на ТППЕ Гостивар побарана е и добиена помош од ТППЕ Тетово со 4 пожарникари и 1 ПП возило кои интервенирале до 04:00 часот“, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите еден пожарникар кој се здобил со повреди за време на интервенцијата пренесен е на Ургентниот центар во Клиничката Болница во Гостивар.

Пожарот е локализиран во 05:30 часот утрово, но на местото сè уште се издига чад поради што ТППЕ Гостивар сè уште се на терен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кумановци стравуваат од кражби, МВР вели се повеќе случаи се решаваат

Kristina Kuzmanovski

Турција прави мрежа од специјализирани клиники за одвикнување на младите од пушење

Sasko Dimovski

Магнитуда од 7,3 степени на длабочина од 10 километри – силен земјотрес го погоди Мексико, издадено предупредување за цунами

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе