Вести Македонија Најважни

Рис или црвен лав? – Почнаа идеите за нов државен грб, СДСМ против промена

Рис, црвен лав или нешто сосема друго? – Партиите веќе почнаа да нудат идеи за главниот симбол на државниот грб, откако вчера премиерот откри дека со коалиционите партнери го отвориле прашањето за промена. ЛДП предлагаат, рисот кој се наоѓа и на металната петденарка и на националниот фудбалски дрес, да го краси и државниот грб. Нема да создаде проблеми со соседните држави, потекнува од Шар Планина и ќе симболизира поглед кон иднината, наместо „враќање назад во минатото“. Од „Македонски концепт“ ја поздравија идејата за промена, но опозициската СДСМ остро се спротивстави.

Филипче ја повика власта да одговори дали во рамки на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ се разговарало и за промена на државната химна? – Одговорот дојде од Касами, кој вели дека се отворени за цел пакет на промени.

Премиерот вчера потврди дека прашањето е отворено во владеачката коалиција.

Идејата за промена на државниот грб потекнува од 2014 година, кога владата на Никола Груевски излезе со предлог за црвен лав на златно-жолта заднина во форма на штит, како и круна во горниот дел во форма на тврдина. Тогаш од ДУИ се согласија, велејќи дека лавот е дел и од албанската традиција, а круната го претставува Скопското кале, но консензус не беше постигнат. Засега не се открива дали во разговорите се зборува за овој предлог или ќе се нудат нови решенија.

Граѓаните, пак, се изненадени и загрижени, особено за тоа дека во таков случај повторно би требало да ги менуваат личните документи кои само што ги сменија поради промената на името на државата.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одложено судењето на Нетанјаху поради дипломатски и безбедносни причини

Дејан Дејан

Орбан го обвини Брисел за „одвратната“ Парада на гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Рекордно високи температури во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе