Вести Најважни Свет

Најмалку 30 лица се повредени откако автомобил влетал во група луѓе во Минхен

Од минхенската полиција на Икс објавија дека возачот на автомобилот, кој влета во толпата, е уапсен на местото на настанот и веќе не претставува закана.

Најмалку 28 луѓе, вклучувајќи деца, се повредени откако автомобил се заби во група луѓе во центарот на Минхен. Баварскиот премиер Маркус Зедер го опиша инцидентот како напад.

Полицијата објави дека возачот е фатен на самото место и веќе не претставува опасност. Тој е идентификуван како 24-годишен барател на азил од Авганистан кој од порано ѝ бил познат на полицијата. Неколкумина од повредените се во сериозна состојба.

Очевидци кажаа за весникот „Билд“ дека во автомобилот „мини купер“ биле двајца мажи и дека еден од нив бил застрелан од полицијата додека бегал. Полицијата досега нема потврдено дека две лица се вклучени во инцидентот.

„Длабоко сме шокирани од инцидентот. Меѓу повредените има и деца“, изјави градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер.

Инцидентот се случи пред почетокот на Минхенската безбедносна конференција, на која ќе учествуваат и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и украинскиот лидер Володимир Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Одложено судењето на Нетанјаху поради дипломатски и безбедносни причини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе