Меѓу европските лидери владее поделеност, загриженост но и надеж за успешно завршување на преговорите за постогнување мир меѓу Русија и Украина.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус со директни критики до администрацијата на Трамп, откако јавно беше кажано дека Украина никогаш не треба да се приклучи на НАТО алијансата.
Кај европските влади владее вознемирени откако Трамп, по вчерашниот телефонски разговор со Путин, објави дека планира разговори лице в лице со Русија за ставање крај на војната во Украина.
Од министерскиот состанок на НАТО во Брисел, германски министер за одбрана Писториус со јасна порака дека Европа мора да биде вклучена во преговорите.
- Ако Путин е сериозен да влезе во овие преговори, а искуството од последните три години ни дозволува да се сомневаме во тоа, тогаш тој мора веднаш да преземе акција на бојното поле и да престане да ја уништува Украина. За мене, без сомнение е јасно дека Европа мора да биде вклучена во преговорите и мислам дека тоа е многу лесно да се разбере, особено ако ние, како што беше речено вчера, треба да играме централна или главна улога во мировниот поредок, но исто така и во однос на новиот поредок ако има таков и мировниот поредок што ќе следи. Ние во Европа мора директно да живееме со последиците, рече Борис Писториус, германски министер за одбрана.
За разлика од Писториус, првиот човек на Алијансата Марк Руте телефонскиот разговор Путин – Трамп го оцени како успешен и рече дека сите сакаме мир во Украина. Од клучно значење е кога ќе се склучи мировен договор, тој да трае, а Путин да знае дека тоа е крајот.
- Сите сакаме Украина да биде во најдобра можна позиција кога ќе почнат тие разговори, за да се увериме дека тие можат успешно да завршат, а како што рече вчера Пит Хегсет, новиот американски секретар за одбрана, од клучно значење е што и да произлезе од тие разговори да биде издржано. Да е трајно. Нема Минск III. Не може повторно тоа да се случи. Не можеме да дозволиме Путин повторно да се обиде да заземе ни квадратен километар, но квадратна милја во Украина во иднина, дециден беше Марк Руте, генерален секретар на НАТО.
Портпаролот на Кремљ, Песков потврди дека Трамп повикал на брз прекин на непријателствата и мирно решение, а Путин се согласил дека долгорочното решение може да се постигне преку мировни преговори.
- Се разговараше и на темата за спогодба со Украина. Претседателот Трамп зборуваше за предвремен прекин на непријателствата и мирно решение на проблемот. Претседателот Путин, од своја страна, ја спомена потребата да се елиминира основната причина за конфликтот и се согласи со Трамп дека долгорочно решение може да се постигне преку мирни преговори, рече Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
А по телефонскиот разговор, Трамп изјави дека планира да се сретне со Владимир Путин, во Саудиска Арабија, предупреди дека Украина не треба да очекува враќање на своите граници пред 2014 година и ја отфрли можноста Украина да стане членка на НАТО алијансата. Дел од медиумите пак објавија дека и Кина се понудила Пекинг да биде домаќин на евентуална средба меѓу двајцата претседатели во мировните преговори за Украина.
Билјана Ставрова