Вести Македонија Најважни

Финансиска поднесе кривична против екс директорот на ЕСМ Матевски

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на РЕК Битола, Пеце Матевски за злоупотреба на службена положба и овластување за тендерот за ископ на инвестициска откривка во Брод Гнеотино.

Според пријавата, тој ја отфрлил најевтината понуда на Гранит АД Скопје и ја избрал поскапата понуда на РУД-КОП и склучил договор во износ од 13,8 милиони евра.

Се гонат и двајца членови на стручната комисија кои донеле одлука за отфрлање на понудата на Гранит, како и претседателот и двајца членови на комисијата за јавна набавка кои ја ограничиле конкуренцијата.

Пријава е поднесена и против тројца вработени во Бирото за јавни набавки кои несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности, бидејќи не наложиле РЕК Битола да направи повторна евалуација на понудите, туку дозволиле да се потпише договорот со РУД – КОП.

Со реализација на Договорот за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино, пријавените овозможиле РУД-КОП да оствари противправна имотна корист, со што е оштетен Буџетот за речиси 3 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Земјотрес Мексико: Се нишаат згради и рафтови во продавници, жителите во страв ги напуштаат домовите

Kristina Kuzmanovski

Регистрирани 12 пожари во Македонија, активен е само еден

Kristina Kuzmanovski

Жител на Курбиново заврши на интензивно лекување по напад од мечкa

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе