Вести Македонија Најважни

(видео)Одново НЕ за разрешувања и своеволни оставки во советот на јавни обвинители, спротивно на реториката и најавите на премиерот

Се што е напуштање на функцијата спротивно од законот, за членовите на Советот на јавни обвинители не е прифатливо. Иако премиерот најави интерпелации на избраните членовите на правосудните совети во парламентот, тие не гледаат за право да ги напуштат советите и во случај интерпалциите да звршат со негативне исход за нив. А, додека траат дисциплинските постапки за раководното дуо Хајрулахи – Цветановски, во Вишото скопско обвинителство, Советот за јавни обвинители еднголасни за назначување вршител на должност за што е поставена обвинителката од нивните редови, Наташа Крстевска Цалева.

Рамнодушност е впечатокот кој се добива како одговор на прашањето кое медиумите по 10 ти пат им го поставуааат на избраните членови или на судски или на советот на јавни обвинители.

Дали ќе си поднесете оставка во случај на негативен исход од интерпелација која последно ја најави премиерот Мицкоски.

И одново одговорот на обвинителите избрани да раководат со нивното тело, па и оние во Собранието не стравуваат од интерпелацијата на пратениците и прозивките на премиерот.

Сепак, и Мицкоски како да си игра руски рулет со празно буренце. Ќе најави разрешување, па експресно се повлекува со некоја друга заменска законска форма.

Никој засега не го повлекува орозот да посегне по избраните во правосудните органи, затоа што одекот на нивните разрешување ќе стаса до оценската  мисија на европската унија, која категорични кажа НЕ.

Но, додека разрешувањата, интерпелациите и прозивките за оставка се Фејсбук статуси, советот на јавни обвинители си продолжува со редовната работа.

На осомниченото раководно дуо во вишото јавно обвинителство за пропусти во работата кое во при дисциплинска постапка се соочува со оддалечување од функцијата, советот им избра моментална замена.

Обвинителката избрана во октомври минатата година ќе го води привремно вишото обвинтиелство.

Меѓусебните обвинувања на релација Државно и Вишо јавно обвинителство не запираат. Пред 4 месеци почна со случајот за бонусите во СЈО.

Двајцата оддалечени обвинители од функциите прстот го вперија кон републичкиот јавен обвинител дека им вршел притисок, Коцевски пак возврати-притисок немало, обвинителите работеле нестручно.

Постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител Коцевски, Комисијата едногласно донесе решение за поведување дисциплински постапки против вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи и неговиот колега Јован Цветановски, за сторена тешка дисциплинска повреда.

Според комисијата, Хајрулахи ги прекршил правилата за заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство-Скопје, а за Цветановски дека нестручно и несовесно работел во 4 предмети, бидејќи се откажал од жалба или обвинение.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангела Меркел ја критикува политиката на германската Влада кон барателите на азил

Дејан Дејан

Обвинителството отвори постапка за фалсификати во Чаир

Дејан Дејан

СЗО: Осаменоста предизвикува многу болести кај луѓето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе