Вести Економија Најважни

Ден пред бојкотот, маркети најавуваат акции, но планираат и попис

Ден пред големиот бојкот, некои маркети планираат попис, со тоа би биле затворени за потрошувачите. За ова стигна информација од  граѓаните до  нашата редакција. Ги известиле додека пазарувале. Други најавија акции. Оние пак кои имаат картички со поени од одреден ланец маркети добија известување преку вибер дека уште утре можат да ги искористат поените кои ги собрале при пазарување.

Граѓаните се подготвуваат за утрешниот бојкот. Поддршка дадоа и владини претставници. Ваквата одлука за бизнисот е популистичка. Сметаат дека Владата, треба да биде медијатор, а не да зазема страна.

Не е добро да се стигматизираат и не е добро претставници од владата да држат страна и нивната поддршка е политичка и популистичка и се коси со законот за конкуренција и Владата треба да биде медијатор да бара решение за било кој проблем, а не да зазема страна, изјави во Топ Тема потпретседател на собранието на СКСЗМ, Касам Сендели 

За дел од експертската јавност бојкотот е аларм за целиот систем.

Еден тип на аларм, тоа е еден тип на предизвик односно порака која што сакаат да ја пратат потрошувачите. И тоа сакаат да ја пратат не само до трговците, кон бизнисите. Тие сакаат да ја пратат и кон институциите, кон власта кон мерките кои се носат. Сакаат да ја пратат кон бизнис секторот, кон политиките, кон законите кои се носат, изјави универзитетскиот професор борче треновски

Граѓаните се одлучија на бојкот затоа што проблемите со цените не престануваат. Чашата се прели со последната кошничка кога работите се искомплицираа. Едни цени се намалија други драстично пораснаа.

Млеко домашно нема зголемување нема намалување, јогурт има намалување, урда нема намалување, сирење нема намалување, кашкавал нема намалување, јајца, брашно нема намалување, шеќер исто, зејтин нема намалување, квасец. Во делот на месото, кртина нема, говедско место исто, изјави во Топ Тема претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов

Еден од проблемите кои се наведува за ваквата состојба е се поголемиот пад на домашното производство.

Таткото и мајката работат со крави, одат во пензија и нивните деца не работата веќе или ќе одат да работата во државна администрација или во Мекдоналдс во Германија, кравите веќе нема да ги чува, вели Сендели.

Според, бројките од бизнис мрежа, седумте најголеми маркети во 2023 оствариле приход од над 930 милиони евра, од кои чист профит биле 35 милион евра. Заработките се движат од над 1 милион до над 10 милиони евра. Нето профитните маржи пак надминуваат 10 отсто.

Утре бојкот на маркетите е најавен за во Србија, Црна Гора, БИХ, Словенија, а повторно е организиран и во Хрватска.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе