Вести Економија Македонија Најважни

Ќе поскапи ли парното среде грејна сезона, ЕСМ бара зголемување на цената

ЕСМ бара поскапување на парното. Минатиот месец  од компанијата до регулаторната комисија поднеле барање за зголемување на цената на греењето со образложение дека им се пораснати трошоците за гас.

„Со поднесеното барање, Друштвото бара зголемување на трошокот за гориво за 2024 година во износ од 12,92%“, пишува во документот во РКЕ.

Регулаторната комисија до крајот на оваа недела се очекува да закаже и седница на која ќе се разгледува барањето на ЕСМ и ќе се донесе одлука.

ЕСМ го поништи и претходно објавениот повик за набавка на гас за месец февруари. Од компанијата за Телма тврдат дека причина за тоа е цената која била понудена.

„Не беше извршен избор за најповолен понудувач, затоа што не беше постигната таргетирана цена со која ќе се остварат пониски трошоци при производство на топлинска енергија кај регулираниот производител“, пишува во дописот на ЕСМ до Телма.

Веќе е објавен и нов повик на кој се бараат количини на гас за да се покријат потребите за идниот месец.

Минатата година со стартот на грејната сезона беа набавени количини за три месеци. Сега тоа се прави за период од еден месец. Од министерството за енергетика на прашањето дали може би се има криза за гас со затворањето на вентилот од страна на Украина, вчера одговорија дека проблеми нема.

За време на енергетската криза ЕСМ го презеде менаџирање на парното во Скопје од БЕГ кој имаа потешкотии во работењето. Заради тоа електрани формираа три компании за производство, дистрибуција и снабдување. Но, сите се на листата на должници од финансии. Со најголем долг од  34 милион евра е токму ЕСМ Дистрибуција кој бара поскапување на греењето.

Градско парно користат над 60.000 домаќинства.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе