Вести Економија Топ вести

Поради недомаќинско работење јавни, државни институции, болници, училишта плаќаат за 50 отсто поскапа струја

Владата се уште без одлука како и дали ќе им се помогне на јавните и комунални претпријатија да плаќаат пониски сметки за струја.  Дел од овие институции поради недомаќинско работење плаќаат за 50 отсто поскапа електрична енергија, затоа што на време не склучиле договор. Во тој случај ја добиваат од таканаречен снабдувач во краен случај – од ЕВН ХОУМ, за да не останат без електрична енергија.  Според, законот ЕВН може најмногу да им испорачува три месеци.  Но, таа е со далеку повисока цена од онаа која можеле навреме да ја договорат на отворен пазар.

Ова не се случува прв пат, но до сега никој не одговарал за тоа што се трошат државни пари за да се плаќаат високи сметки. Сега, дел од овие јавни комунални претпријатија бараат да добиваат поевтина струја. Најверојатно ќе се стокми пакет со пониски цени.

-Може би од незнаење  и од немање соодветен стручен кадар, на пример ако не изберат снабдувач тие одат во  снабдување со краен случај и самите не се запознаени со последиците. Ние сега  правиме анализа да видиме колку е тоа енергија колку мегават часови е тоа вкупно и да видиме да направиме пакет за нив да има некоја понормална цена за нив односно да има некој заштеди. Сега е зима да се погризиме да заврши и ќе видиме какви се можностите и цените. не можеме сега утре задутре, но на  почетокот на вториот квартал ќе имаме повеќе сознанија и пресметки, вели Сања Божиновска, министер за енергетика. 

Минатата недела, дел од јавните комунални претпријатија преку писмо до Владата, РКЕ и Министерството за енергетика побараа од  ЕСМ да добиваат струја по дена како за домаќинствата – по 62 евра,  со образложение дека може да дојде до проблеми со снабдувањето со вода. Со ваков проблем се и некој болници, училишта.

Од извештајот на Министерството за финансии може повторно да се види дека комуналните претпријатија се со големи долгови. Тука се скопски Водовод, Комуналец Кичево, Водовод Куманово, АД Водостопанство и други.

Но, исто така и ЕСМ од кој сметаат дека треба да добиваат поевтина струја е на овој список но и на оној со големи загуби.

За време на енергетската криза дел од Општините и фирми со големи профити најдоа начин и со месеци беа на регулираниот пазар каде со струја се снабдуваат домаќинствата. Тогаш, од РКЕ побараа веднаш да се вратат на отворен пазар каде по закон треба и да бидат затоа што може да направат притисок на цената за граѓаните. Железница и Клинички  пак се дојдоа до пред исклучување на струјата.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ивановска: Се докажа дека интересот е вечен и само тој ги спојува партиите, промените на Изборниот законик се сведоа на електронско гласање на дијаспората

Sasko Dimovski

Собранието ја изгласа потребата за носење на Изборниот законик по скратена постапка

Sasko Dimovski

Усвоен е новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе