Балкан Вести

Убиство во Јагодина – пукано во сопственик на кафуле

Во населбата Стрелиште во српскиот град Јагодина синоќа имало пукање. Во едно кафуле избила кавга меѓу повеќе лица, по што се случило пукањето. Убиен е 56-годишниот сопственик на кафулето Дејан М., а тешко е рането едно момче.

Потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди дека припадници на Специјалната антитерористичка единица го ликвидирале 46-годишниот убиец.

„Припадници на Специјалната антитерористичка единица го ликвидираа во Јагодина Саша Милосављевиќ (47), кој попладнето убил едно лице, а друго тешко ранил. Убиецот при обидот за апсење пукал во специјалците, по што бил ликвидиран“, објави Дачиќ.

Според српските медиуми, напаѓачот бил познат како проблематична личност. Бил осудуван за повеќе кривични дела, меѓу кои обид за убиство, тешки кражби, семејно насилство, недозволено носење оружје.

Пукањето е кулминација на судир кој почнал пред една недела. Според српските медиуми, во истото кафуле пред една недела избила тепачка, а вчерашното пукање е поврзано со таа тепачка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе