Вести Економија Најважни

Бизнисот загрижен, премиерот оптимист – економијата во лер или најбрзорастечка во 2025 година?

Од бизнис секторот се сериозно загрижени од кризата која ја зафати германската економија, а која се одразува и  на домашната индустрија. Според, последните бројки на статистика пад на производството кај нас има кај облеката, храната, текстилот, пијалаците во рударството, кај снабдувањето со енергија, гас, пареа. Бројките покажуваат дека во ноември лани падот во индустријата е  6, 5 отсто во споредба со истиот месец во 2023 година.

Од бизнисот не се изненадени од бројките затоа што нашиот најголем европски партнер е во лоша состојба која ќе се задржи и годинава, па така и на домашен терен не очекувааат ништо спектакуларно да се случи, освен овој надолен тренд да продолжи.

Генерално не очекуваат неповолни трендови. Она што беше претставено  дека тоа ќе биде една навистина блескава иднина, доколку дојдат такви странски инвеститори кои ќе произведуваат едноставни производи и ќе извезуваат милиони и дека тоа ќе биде клучот за развојот на македонската  економија тоа нема да се случи дефинитивно.  Нема додаден ефект и ние мора да размислуваме на долг рок да ја развиваме нашата индустрија каква таква некаква, вели за Телма Трајан Ангелоски, претседател на ССК

Поради состојбата во Германија, пред извесно време анализите од фабриките тука кај нас кои извезуваат за автомобилскиот пазар во Германија покажаа дека има намалување на активностите. Некои компании ги укинаа и смените за време на викенд затоа што нема доволно работа. Отпуштања кај нас не се предвидени, но не се планираат ниту нови вработувања.

Последните информации од оваа европска земја се дека ќе се нудат пакети за предвремено заминување во пензија, ќе се крати бројот на вработени, а има и најави за затворање на погони. Пред неколку дена загриженост изрази и српскиот претседател Вучиќ кој кажа дека не може Германија да отпушта 70 илјади работници, а тука да е се во ред.

За разлика од бизнисот кој  стравува што ќе се случува на домашен терен, премиерот Мицкоски со оптимистички најави – земјава ќе биде една од петте најбрзо растечки економии.

Расте извозот на услуги, растат инвестиции, потрошувачката,  се намалува разликата помеѓу извозот и увозот  се зголемуваат странските инвестиции сето тоа влегува во формулата при пресметка на БДП и следната година очекувам да бидеме една од 5 те најбрзорастечки  економии во Европа, вели премиерот христијан мицкоски

Пред извесно време статистика излезе со податок дека БДП во третиот квартал лани е 3 отсто, но интересно е што главен двигател е пазарењето на граѓаните и трошењето на државата.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Нема да има данок за немажени, сакав да поттикнам дебата

Дејан Дејан

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Дејан Дејан

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе