Вести Македонија Најважни

Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.

Прва сведочеше Маја Спировска, прва братучетка на Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања.

Таа пред судот објаснуваше како Гоце Трајковски кој водел паралелна истрага со Александар Ѓорчевски за пронаоѓање на девојчето за прв пат го спомнал Цитроенот со кој беше грабната.

“Во вторникот гледавме снимки и така констатиравме дека е земена од врата, бидејќи ја немаше на снимка ниедна. Сашко ги донесе снимките не знам од кај му беа. Подоцна дојде Гоце со него после излагаа и наоѓаа снимки и ги гледаа. Во еден момент Гоце го откри тоа Цитроен возило среда или четврток беше. Мислам дека имаме некаква трага. Можно е да е поврзан Цитроенот. Мислеше дека самиот човек дошол и ја земал.”

Спировска рече дека не го познава првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо. Од медиумите дознала дека станот на Наум Наумовски Борче е купен од фирма на Палевски. Спoред неа, немало проблеми при купопродажбата. На листата на сведоци за денешното рочиште се уште 5 лица, меѓу кои и адвокатот Васко Стојков кој го однел Палевски во Белград. Палевски потоа од Белград заминал за Турција каде беше уапсен по меѓубародна потерница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

СДСМ бара оставки на здравствените власти, на директорот на АХВ и на одговорните во лојалните ЦЈЗ

Sasko Dimovski

Случајот со загадената вода во Гостивар разоткрива непрофесионално и неодговорно однесување, велат невладините

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе