Вести Македонија Најважни

Повторно се разгоре пожарот на Беласица, се ближи до црквата Св.Петар и Павле

Пожарот на Беласица во близина на селото Смолари повторно се разгоре, и сега се приближува кон црквата Св.Петар и Павле.

ТППЕ Струмица испрати екипа од пожарникари-спасители кои и покрај тешко пристапниот терен успееа да дојдат до фронталната линија на пожарот и засега да го спречат неговото движење во тој правец.

Ширењето на овој пожар и покрај ниските температури е непредвидливо поради специфичната конфигурација на теренот и огромната количина на лисна маса на површината која придонесува да се развиват високи температури и пожарот од приземен го развива кон крошните на дрвјата и како таков добива на интензитет, се наведува на фејсбук страната на струмичките пожарникари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

СДСМ бара оставки на здравствените власти, на директорот на АХВ и на одговорните во лојалните ЦЈЗ

Sasko Dimovski

Случајот со загадената вода во Гостивар разоткрива непрофесионално и неодговорно однесување, велат невладините

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе