Вести Македонија Најважни

Општествена одговорност или профит, во недела Мицкоски и банкарите на средба за парите од унгарскиот кредит

Парите од унгарскиот кредит се тука, на банките е да одлучат дали сакаат да помогнат или не, односно дали ќе покажат општествена одговорност и ќе се откажат од банкарските трошоци. Ова е ставот на премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на средбата со банкарите која треба да се одржи викендов, а на која треба да се прецизираат деталите и да се пресече дали и преку која комерцијална банка ќе се пласираат средствата за бизнисот.

Мицкоски бара од банкарите да бидат општествено одговорни и да не им наплаќаат на компаниите дополнителни трошоци за кредитите од унгарските пари.

Двесте и педесет милиони евра како кредити ќе бидат пласирани во бизнисот, односно стопанството со каматна стапка од 3,25 отсто со грејс период до три години и рок на отплата од 12 години. Според неофицијални информации, банкарите за да се нафатат да ги пласираат овие средства, побарале приближно исто да изнесуваат и банкарските трошоци, односно 3,25 отсто камата.

Министерката за финансии Димитриеска Кочоска соопшти дека поради ризикот кој го преземаат банките и во случај да се појави ризичен кредит инсистирале каматата да ја покрие државата и од Владата се согласиле, односно дополнителните 3,25 отсто да бидат покриени од Буџетот и парите на граѓаните. Димитриеска во интервју за „360 степени“ откри дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, но не откри која.

Уште еден проблем за кој се преговара е рокот на враќање на кредитот. Во банкарскиот сектор тој е од 7 до 10 години, а од Владата бараат да биде 15 со три години грејс период.

Во меѓувреме се огласија и од бизнис секторот од каде побараа итно да се вбризгаат свежи пари во стопанството, бидејќи се неопходни.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

СДСМ бара оставки на здравствените власти, на директорот на АХВ и на одговорните во лојалните ЦЈЗ

Sasko Dimovski

Случајот со загадената вода во Гостивар разоткрива непрофесионално и неодговорно однесување, велат невладините

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе