Вести Македонија Најважни

Сепак ќе се гради пругата кон Бугарија, Европската комсија потврди дека Македониja и Бугарија си подале рака за соработка

„Коридор 8“ од чијшто продукт е железничкото поврзување, а Бугарија со Македонија станува приоритет на двете земји. Ова денеска го потврдиле претставниците од Минситерството за транспорт и врски, заменикот и генералниот секретар од земјава и нивните колеги од Бугарија пред европската комисија.

Двата тима ја изразиле посветеноста да продолжат со изградбата на железничкиот коридор VIII според регулативата TEN-T во рамки на состанокот со финансиските институции ЕИБ и ЕБОР и Секретаријатот на Транспортната заедница. Двете земји се согласија да одржат редовен дијалог на високо ниво и да формираат заедничка работна група за Коридорот VIII.

Дополнително, соодветните министерства ќе работат на изнаоѓање координирано техничко решение за изградба на прекуграничниот дел од Коридорот. Северна Македонија и Бугарија, исто така, ја поздравуваат поддршката на Координаторот на Европскиот коридор за Западен Балкан – Источен Медитеран и на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница за напредување на Коридорот VIII, се вели информацијата споделена на официјалниот сајт на Европската комисија.

По овој состанок паѓаат во вода најавите дека земјата може да инсистира средствата планирани за „Коридорот 8“ да се наменат за други инфраструктурни проекти, и изјавите на премиерот и министерот за транспорт и врски дека тој проект води во ќорсокак.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи секој

Sasko Dimovski

Рокас повика на постигнување на консензус за носење на клучните закони

Sasko Dimovski

Штипската болница привремено нема да прима пациенти со скршеници – невремето оштети дел од покривот на Ортопедија и операционалата сала

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе