Забраната за пиење вода од чешмите во Гостивар важи од петокот, кога комуналното претпријатие објави дека истата не е безбедна.
Според АХВ регистрирано било зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Нови мостри се земени за време на викендот, и додека се чекаат резултатите, важи препораката водата да не се пие.
Жителите кои ги анкетиравме велат дека купуваат вода, но тоа за нив е дополнителен трошок, особено за пензионерите со ниски примања.
В.д. градоначалникот Валбон Лимани вели дека испитувањата на квалитетот на водата ги врши приватна компанија, чии резилтати покажале загадување.
Испитувања биле направени и од ЦЈЗ, според кои водата не е загадена.
По конечните резултати Лимани ќе одлучи дали ќе го раскине договорот со приватната компанија и ќе ангажита нова.
Даниела Билбиловска
