Струмичани втора недела со ред се соочуваат со проблеми со снабдувањето со чиста вода за пиење. Граѓаните апелираат неопходна е итна акција за решавање на проблемот. Агенцијата за храна и ветеринарство порача дека е потребно итно механичко чистење и хиперхлорирање на системот за водоснабдување, за да се намалат нивата на манган и да се обезбеди питка вода за потрошувачите.
Според агенцијата, редовната проверка и одржување на водоводната инфраструктура е клучна за избегнување на вакви ситуации, особено во услови на климатски промени и обилни врнежи. И покрај обвинувањата помеѓу локалната власт и Владата, стручњаците предупредуваат дека потребните мерки не можат да се одложат.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ветува поддршка во справувањето со кризата, но за да се реализираат конкретни решенија, потребна е соработка помеѓу сите инволвирани страни.
Директорот на АХВ Оливер Миланов изјави дека задолжени за исправноста на водата се локалните општински претпријатија. Непочитување на законот за заштита на квалитетот на вода влече и кривична одговорност, предупредува директорот на АХВ.
И Гостивар без чиста вода за пиење, граѓаните се снаоѓаат, од водоводот тече вода со манган
