Во петок е издадена забраната за користење на вода и во Гостивар поради зголемено присуство на манган, изјави за Телма директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов. Во тек е уште едно истражување на примероци од вода од гостиварскиот водовод чии резултати ќе се знаат утре по што ќе се преземат и конкретни активности, вели Миланов.
Миланов рече дека задолжени за исправноста на водата се локалните општински претпријатија. Непочитување на законот за заштита на квалитетот на вода влече и кривична одговорност, предупредува директорот на АХВ.
