Вести Македонија Најважни

Иран истрела над 180 проектили, расте конфликтот на Блискиот Исток

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи итна средба за да ја разгледа ескалацијата на непријателствата на Блискиот Исток, соопшти ноќеска Швајцарија, која овој месец е претседавачот со Советот.

Иран доцна синоќа изврши масивен ракетен напад врз Израел, во кој беа истрелани најмалку 180 проектили. Ова е последно во низата ескалирачки сценарија во повеќегодишниот конфликт меѓу Израел и Иран и неговите арапски сојузници.

Ракетниот напад и одмаздата ветена од Израел  се закануваат да го турнат регионот поблиску до поширок воен конфликт. На нападот му претходеа низа разорни удари врз раководството на Хезболах, од страна на израелските сили за одбрана, што пак го засили притисокот врз милитантната група која врши напади од јужен Либан врз Израел од почетокот на војната во Газа. Израел вчера изврши ограничен копнен напад врз позиции на Хезболах. По вчерашниот ирански напад израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека актот бил неуспешен и се закани со болна одмазда.

„Ние ќе останеме на правилото што го воспоставивме: кој и да не нападне – ние ќе го нападнеме исто така. Ова е така каде и да се бориме со оската на злото. Ова важи за Јудеја и Самарија, тоа ќе биде така и за Газа, Либан, Јемен, Сирија, а исто така важи и за Иран.Насекаде се бориме со оската на злото“ потенцираше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата администрација „целосно го поддржува“ Израел откако спречи ирански ракетен напад и дека е во „активна дискусија“ за адекватен одговор на Техеран. Бајден, ги пофали силите на САД и Израел за поразот на иранскиот ракетен бараж.

„По моја насока, војската на САД активно ја поддржа одбраната на Израел. И ние сè уште го проценуваме влијанието. Но, врз основа на она што го знаеме сега, се чини дека нападот е поразен и неефикасен“ изјави претседателот на САД, Џо Бајден. 

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран рече дека неговата земја е подготвена да ги повтори своите напади доколку Израел не биде ставен под контролa на САД и Европа. Во видеото објавено од Иранската новинска мрежа, главниот командант на Револуционерната гарда, генерал Хосеин Саами, беше виден како дава наредба за ракетни напади на Иран врз Израел.

„Револуционерната гарда и вооружените сили на Иран се подготвени одбранбено и офанзивно да ја повторат операција со повеќекратен интензитет. Доколку ционистичкиот режим, не биде контролиран од Америка и Европа и има намера да продолжи со ваквите злосторства, или да направи нешто против нашиот суверенитет или територијален интегритет, вечерашната операција ќе се повтори со многу поголема магнитуда и ќе ги погодиме сите нивни инфраструктури“ изјави Мохамед Багери, началникот на генералштабот на вооружените сили на Иран. 

Поддржувачите на владата во Техеран го прославија ракетниот напад на Иран против Израел. Десетици луѓе извикуваа „смрт за Израел“, веејќи знамиња на Иран, Либан и Хезболах додека држеа портрети на убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала.

Израелските одбранбени сили изјавија дека „дополнителни сили“ се приклучуваат во нападите врз цели на Хезболах“ во јужен Либан, додека Хезболах соопшти дека одбиле израелски копнен напад во погранично село на југот на Либан.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Угостителите во Гостивар преминаа на пакувана вода, пластичен прибор и хартиени чаши – утврди Агенцијата за храна и ветеринарство

Дејан Дејан

Им попречил пат, се заканувал и со нож им исекол гума од автомобилот – постапка против работник кој нападнал газди заради неисплатени дневници

Sasko Dimovski

Откако се скарале, татко без дозвола ѝ го зел 10-месечното бебе на сопругата во Гостивар и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе