Вести Македонија Најважни

Груевски се спаси од затворската казна за случајот „Тенк“ со набавката на мерцедес

Од една пресуда, експремиерот Никола Груевски се спаси. За неколку дена на 4-ти октомври застарува двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден околу 600 илјади евра. Груевски за примање награда и противзаконито влијание во случајот беше осуден  во 2018-та година. Правосилна пресудата стана после две години.

  • „Застареноста на извршувањето на казната настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на извршувањето на казната“, стои во Кривичниот законик.

На Груевски сепак му остануваат уште две пресуди. За највисоката казна од 9 години за „Плацевите на Водно“ ќе треба и најмногу да чека. Врховниот суд во декември, минатата година го одби неговото барање како неосновано за преиспитување на правосилноста на пресудата. Што значи дека доколку Груевски сега се врати во земјава нема да лежи затвор за Тенк, но за целосно да биде не слобода ќе мора да чека до 2043 кога му застарува казната за плацевите на Водно.

Но, поранешниот премиер беше осуден во отсуство, бидејќи во меѓувреме избега во Унгарија и доколку се врати во земјава има можност да бара повторување на постапката, што значи дека би му се судело повторно. Но и за тоа би требало да почека барем до 2027 година кога му застарува уште една пресуда. Казната затвор од 1 и пол година за насилството во општина Центар.

Со измените на Кривичниот законик лани од старт во вода падна предметот за уривањето на Космос во кој Груевски беше неправосилно осуден на 9 години затвор. Му застаре и обвинението за злосторничко здружување во Титаник за изборните измами, но, на врат се уште му се и други кривични дела дека злоупотребил средства за финансирање на изборната кампања и дека го повредил избирачкото право. Обвинет е и во случаите Талир 1 и 2 за финансирањето на ВМРО ДПМНЕ и за белиот дворец на партијата.

Груевски од 2018 година е во Унгарија каде доби политички азил.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 20 случаи во Грција со вирусот Западен Нил

Kristina Kuzmanovski

Без дозвола зел возило на „Црвен Крст“, каде што волонтирал и удрил во повеќе паркирани возила

Sonja Petrusevska

(Видео) Да трпиме за вода на овие температури во јули, ова го нема никаде – анкета меѓу гостиварци

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе