Вести Македонија Најважни

Тошковски: МВР е подготвено жестоко да одговори на обиди за дестабилизација

Полицијата е подготвена да одговори на секаков вид на обиди за дестабилизација, дециден е министерот за внатрешни работи.

Еден месец откако власта предупреди дека опозициски структури подготвуваат дејствија во насока на закана за состојбата во државата, првиот човек на полицијата Тошковски смета дека веќе бевме сведоци на некои случаи. Но, МВР има капацитети да одговори и на идни обиди.

  • „МВР е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина – предизвици коишто ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија. Доколку ги има такви во реалноста, МВР жестоко ќе одговори. Видовме дел од таквите обиди и во минатото во овие месец дена, од аспект на обиди за подгревање на меѓуетнички тензии и дека се реалност. Соодветно одговориме и соодветно ќе одговориме и во иднина“ – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.  

Пред помалку од една недела осамна веста дека Македонија ќе биде раздвоена од Албанија на евроинтегративниот пат.

Тогаш премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кажа дека можни се обиди некој да влијае на состојбата во државата.

Мицкоски на почетокот на август ја обвини опозициската ДУИ за потенцијално девијантно однесување со најава за безбедносна закана за Македонија.

  • „Може да има обиди за дестабилизација, не викам дека не. Но, и да не се раздвоиме тогаш повторно може да има обиди за дестабилизација. Ако некој решил да се обиде да ја дестабилизира безбедносната состојба во НАТО-земја членка тогаш ние како држава ќе одговориме соодветно“ – Христијан Мицкоски – Претседател на Владата на РС. Македонија.

Пред два дена, интегративците одржале состанок по кој на социјалните мрежи ја пласираа новата парола „Подготвени ли сте?“. Дел од јавноста толкува дека ова е предизвик за албанскиот коалициски партнер на „Илинденска“, односно коалицијата Вреди.

Еден од лидерите на Вреди, Изет Меџити на тоа одговори дека опозицијата е деструктивна, работи во насока на дестабилизација, а кампањата оцени дека е идеја на поранешниот функционер во извршната власт од Демократската унија за интеграција, Артан Груби.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 20 случаи во Грција со вирусот Западен Нил

Kristina Kuzmanovski

Без дозвола зел возило на „Црвен Крст“, каде што волонтирал и удрил во повеќе паркирани возила

Sonja Petrusevska

(Видео) Да трпиме за вода на овие температури во јули, ова го нема никаде – анкета меѓу гостиварци

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе