Вести Македонија Најважни

(ВИДЕО) Интервју со Тошковски: Политички лешинари преку црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии, што е доказ за предупредувањата за дестабилизација

Министерот за внатрешни работи во интервју за ТВ Телма оценува дека постојат политички „лешинари“ кои преку проблемот со црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии што според него е доказ за наводите за дестабилизација за што новата влада и премиерот предупредуваа. Неуспешен е нивниот обид, а МВР ќе преземе мерки за целосно спречување на било какви обиди за ширење на меѓуетнички тензии, вели Тошковски.

За расчистувањето на околината на црквата во Галате во општина Врапчиште, немале информации ниту во МПЦ, тврди министерот. Интервјуто ќе биде емитувано во Вестите на Телма во 15:30, 18:30, 21:30 и на профилите на социјалните мрежи.

-Сето она што настана, согласно она што го видов, барем на јавно објавените снимки, не е ништо друго туку само еден неуспешен, слободно можам да кажам, обид, за погревање на меѓуетнички тензии. Обидот на одредени политички лешинари во текот на вчерашниот ден да подгреваат, да хушкаат, да извртуваат фактичка состојба во насока на меѓуетнички тензии. Ако ова не е доказ дека она што сме го говореле изминатиот период, од аспект на тоа дека ќе има обиди во овој временски период, во насока (на дестабилизација) тогаш не знам што би било, вели министерот Тошковски во интервјуто за ТВ Телма, кое премиерно ќе биде емитувано во Вестите во 15:30 и на Youtube каналот на Телма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Избор меѓу Ангеловска Бежоска, Славески и Ставрески – кој ќе биде новиот гувернер на Народната банка?

Дејан Дејан

Експерт кој може да одговори на прашања на секоја можна тема – нова фаза на вештачката интелигенција

Дејан Дејан

Продавале „молитви во тегли“ на блиски на загинатите во кочанскиот пожар, Струмичката епархија на МПЦ пријавила измама во полицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе