Вести Македонија Најважни

МВР молчело за време на техничката влада за тоа дали катната гаража во дворот на собранието е безбедносна закана

Повеќе од три месеци, МВР не одговорало на прашањата на Собранието дали изградбата на катната гаража на неколку чекори од прозорците на пратениците и службите е безбедносен ризик, потврди за Телма поранешниот спикер Јован Митрески. Тој вели дека во февруари оваа година на почетокот на неговиот мандат, приватна фирма побарала од државниот орган Собранието побарала информации за подземен катастар.

На средбата во Собранието, покрај Митрески, на иста маса седнале поранешниот спикер, тогашен технички премиер Талат Џафери, адвокатот на приватната фирма Анго, но, во улога на министер за внатрешни работи Панче Тошковски и Горан Герасимовски, градоначалник на општина Центар која го издала одобрението за градба.

Било прашувано дали има безбедносен ризик и дали Собранието останува на прво највисоко ниво на заштита и обезбедување на витални објекти. Никој не го знаел одговорот, но сите знаеле дека Управниот суд донел одлука во корист на Анго, со која всушност одобрил изградба на катна гаража до Законодавниот дом. Во случајот пред Управниот суд во 2012-ва година, министерот Тошковски бил адвокат на приватната фирма.

„Бев повикан на средбата, но никој не ме извести за темата. Кога се отвори дебатата посочив дека јас имам колизија поради претходниот ангажман на предметот. Порачав дека МВР и стручните служби ќе се произнесат за барањето, а јас нема да учествувам. Немав ниту сакав да имам увид во мислењето на МВР кое беше изготвувано во време на претходниот директор на Бирото за јавна безбедност“, ни изјави телефонски министерот Тошковски, кој уште претходно, преку соопштение на МВР, најави дека нема да се изјаснува со коментар за случајот поради конфликт на интереси.

По состанокот Митрески како претседател на Собрание барал одговор за бебзедносниот ризик од МВР и владата, но додека бил на функцијата, цели три месеци никој не му одговорил.

Парцелата е полуоградена и има неколку дупки неколку прокопувања иако крајниот рок за изградба е 10 години. МВР пред неколку дена испрати одговор до самопрашај.мк, а потоа и до други медиуми дека катната гаража е безбедносен ризик.

Премиерот Христијан Мицкоски за состојбата ги обвини своите сопартијци кои во 2012-та година имаа целосна власт во државата и општина Центар, го продале државното земјиштето, донеле ДУП со кој се планира катна гаража на невозможно место, без да внимаваат на безбедноста на Парламентот.

Идејата на Мицкоски е сега да се изврши експропријација и да се даде отштета на приватната фирма.

Оваа година за една неизградена катна гаража по истиот урбанистички план, општина Центар беше осудена да плати отштета од над 2 милиони евра на приватна фирма. И во тој случај, креаторот на ДУП-от предвидел катна гаража на локација која е невозможна за градба на таков објект и го влошува уставното загарантирано право на граѓаните за подобар и поквалитетен живот. Но, судот сепак пресудил во корист на тужителот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Започна хиперхлорирање на водводот во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе