Вести Магазин Топ вести

Луѓето оставаат ѓубре и на Марс – откриени 7,2 тони отпад на Црвената планета

Повеќе од седум тони ѓубре од Земјата се пронајдени на Марс. Британски „Дејли меил“ објави дека на Црвената планета се откриени 7,2 тони остатоци од Земјата, повикувајќи се на Карги Килич, вработен на Универзитетот во Западна Вирџинија.

Утврдено е дека станува збор за остатоци од урнати вселенски бродови и орбитални станици кои одат кон Марс. Меѓу отпадот, може да има и отфрлена опрема, како на пример бродовите отфрлаат делови од модулите додека се спуштаат кои може да паднат на различни места на планетата.

Големи остатоци може да се разбијат на ситни парчиња, како што се случи при слетување на роверот „Персеверанс“ во 2021 година.

Научникот Кагри Килич собрал информации од сите уреди кои се испратени на Марс досега и оттаму количината од 7,2 тони.

Тие остатоци на никаков начин не влијаат врз примероците кои ги собираат роверите и не ги мамат оние кои бараат нов дом за човештвото, пренесува сајтот zebra-media.online.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештајот за непотребните операции на срце поминал на затворена владина седница, откри Клековски без да даде повеќе детали

Дејан Дејан

Руте бара од членките на НАТО јасен план за преземање на поголем дел од трошоците

Дејан Дејан

Украина бара лиценца за производство на ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот“ – тоа би било доволно за заштита, вели Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе