Вести Македонија Најважни

Три деца кај Расадник палеле пиротехнички средства и така се запалиле дрвја, сандаци со пчели и бандери – ЈО со детали за пожарот

Жижици и петарди биле палени на земјена патека во Расадник. Кратко потоа, пожарот огромна површина со дрвја, сандаци со пчели, па дури и неколку бандери за пренос на струја.

Ова е официјалната верзија на истражните органи, за огнот кој беснееше во скопска Кисела Вода пред три дена. Пламените јазици допреа и до непосредна близина на околните станбени објекти.

Денеска МВР поднесе кривична пријава за случајот, а обвинителството побара поведување подготвителна постапка спрема дете, до судија за деца во Кривичен.

Станува збор за еден малолетник со навршени 14 години, а другите двајца кои биле со него се помлади и не подлежат на кривична одговорност.

„Секторот за внатрешни работи Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, предвидено и казниво по член 288 од КЗ, информираат од МВР.

За предизвикување општа опасност, во членот 288 став 1 од Кривичниот законик е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години, за тој што со пожар или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот на луѓето или за имот од големи размери.

Од обвинителството денеска излегоа со детали за случајот.

„На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник. Како последица на тоа, бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија. Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери, велат од Јавното Обвинителство.

Просторот кај Расадник сѐ уште не е урбанизиран и на некои места е целосно запуштен. Пред речиси една година, општината Кисела Вода одлучи новиот Детален урбанистички план за Расадник да биде комбинација од најдобрите решенија добиени со меѓународен конкурс.

Досега веќе требаше да се наѕираат контурите на тој ДУП, се најавуваше и постапка за избор на планер. Но, такво нешто засега нема поради тоа што општината во моментов има други приоритети, кажа вчера градоначалникот Ѓорѓиевски.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата надмина 100 долари

Kristina Kuzmanovski

Европската централна банка ги одржува каматните стапки непроменети поради флуктуациите на цените на нафтата

Kristina Kuzmanovski

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе