Вести Македонија Најважни

Гаши: Ми се јави косовската претседателка со растреперен глас, децата и` плачеа, морав да помогнам

Уште на првата собраниска седница,следниот вторник, опозицијата ќе добие шанса да го критикува собранискиот претседател за инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка, одењето на свадба во Косово со службено возило и молитвата во Собранието. Интерпелацијата што му ја поднесоа од Левица, ќе биде прва точка на дневен ред.

Во своја одбрана, на денешната средба со новинарите, Гаши рече дека,интерпелацијата не е политички издржана, не побарал од никого да бидат прекршени меѓународните или домашните закони и не направил никаква повреда на секуларноста, што ќе се обиде да го докаже и низ дебатата со пратениците.

За инцидентот на скопскиот аеродром, Гаши вели дека, кога му се јавила косовската претседателка која одбивала да помине низ безбедносна контрола на аеродромот, гласот и` треперел, ја разделиле од децата кои плачеле и биле многу исплашени, па морал да помогне.

Сакал лично да оди на аеродромот и да го реши инцидентот, но имал службени обврски, па затоа го испратил обезбедувањето кое впери пиштол во колегите од аеродромот.

Се дистанцира од нивното однесување, велејќи дека, „тоа не е негово лично обезбедување, туку е од МВР и тие треба да ги знаат законите и овластувањата и да одговараат ако ги прекршат„. Не се кае и е среќен затоа што успеал да спречи поголем инцидент.

За молитвата во Собранието за жртвите во Сребреница, рече дека била организирана од невладина организација, а тој бил само гостин, како и дека, „еден гест  од 10 секунди не може да се смета за повреда на секуларизмот„.

Прстот го впери во МВР и за одењето на свадба во Косово со службено возило и во придружба на повеќе автомобили кои поминале без пасошка проверка на граница. Вели дека неговото обезбедување не му дозволило да патува со сопствено возило, а пасошите требало да ги проверат полицајците, „тој лично не може да стои на пасошка контрола и да врши проверка„.

Оваа негова изјава, за СДСМ е потврда на нивните информации.

Премиерот веќе најави дека ВМРО ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата на Гаши со образложение дека, начинот на кој тој се однесува како спикер во Парламентот,го прави многу поразличен од неговиот претходник.

Далиборка Демјанска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе