Вести Македонија Најважни

Дамева за Георгиев: Не смееме да дозволиме вакви поединци да ја уриваат сликата за целото судство

Судскиот совет денеска на итна седница констатира престанок на судиската функција на Наќе Георгиев, судија на Врховниот суд кој е осуден на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание.

 

Дамева пред присутните изрази убеденост дека Судски совет е подготовен да ги санкционира корумпираните судии како Наќе Георгиев кои како што рече го окупираат судството.

– Граѓаните мора да добијат правда. Молчењето е еден вид на соучеништво. Не смееме да дозволиме вакви поединци да ја уриваат сликата за судството, истакна претседателката Дамева.

Дамева посочи и дека од страна на Основниот кривичен суд до Судскиот совет е доставена пресуда, врз основа на спогодба со која осомничениот Наќе Георгиев, судија на Врховниот суд е виновен за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание и е осуден на казна затвор во траење од три години. –

– Согласно член 73 од Законот за судовите, на судијата кој е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци му престанува судиската функција, изјави Дамева.

Антоанета Димовска, рече дека како член на Судскиот совет законот не и дозволува да навлегува во висината на казната, но и како член и како граѓанин, не е задоволна со ваквата пресуда, нагласувајќи дека за судиите нема олеснителна околност и дека „или си чесен или не си чесен“.

– Не сум задоволна од висината на казната, казната не е соодветна за тоа дело што е направено. За судиите не смеат да постојат олеснителни околности, или си чесен или не си. Како граѓанин јас сум разочарана, истакна Димовска.

На денешната седница донесено е решение со кое се констатира престанок на функцијата судија на Наќе Георгиев, а со тоа нему му престанува и правото на добивање плата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Угостителите во Гостивар преминаа на пакувана вода, пластичен прибор и хартиени чаши – утврди Агенцијата за храна и ветеринарство

Дејан Дејан

Им попречил пат, се заканувал и со нож им исекол гума од автомобилот – постапка против работник кој нападнал газди заради неисплатени дневници

Sasko Dimovski

Откако се скарале, татко без дозвола ѝ го зел 10-месечното бебе на сопругата во Гостивар и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе