Шест се активни, пет се под контрола, а 31 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за најновиот пресек за состојбата со пожарите во Македонија. Во текот на вчерашниот ден, додаваат од ЦУК; имало 42 пожари на отворено.
Активни пожари – 6
Општина Македонски Брод 1: с. Тажево – с. Брезница – „Јасен“ – Белица (борова шума);
Општина Охрид: Галичица се шири во правец на место викано „Магаро“ кон Стење, Општина Ресен (нискостеблеста вегетација);
Општина Новаци: с. Полог – с. Скочивир – с. Грумази – с. Сливница – Тапевци – Гнилеж (ниска вегетација);
Општина Македонски Брод 2: с. Слатина (мешана шума);
Општина Кичево: с. Патеец (борова и букова шума);
Општина Чашка: с. Ореше, с. Папрадиште (мешана шума);
Под контрола – 5
Општина Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина, под контрола на подрачјето на двете општини (ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума);
Општина Пласница: с. Пласница – с. Латово (нискостеблеста вегетација)
Општина Кичево: с. Бигор Доленци – с. Челопеци (мешана шума);
Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);
Општина Штип: м.в. Трештенска Скала (депонија);
Изгаснати – 31
Општина Струга 1: с. Долна Белица – с. Октиси (ниска вегетација);
Општина Струга 2: с. Горно Татеши (борова шума);
Општина Желино: с. Долна Лешница (сува трева и ниска шума);
Општина Гостивар: с. Чегране (нискостеблеста вегетација);
Општина Теарце: с. Теарце (сува трева во обработливо земјиште и гранки);
Општина Тетово: с. Шипковица према с. Бродец (депонија);
Општина Штип: Кај сокара „Ада“ (ниска вегетација);
Општина Делчево: с. Ѕвегор (депонија);
Општина Струмица: Кај градски гробишта до с. Водча (сува трева);
Општина Гевгелија: с. Пирава (сува трева);
Општина Босилово 1: с. Петралици, с. Сарај (депонија);
Општина Босилово 2: с. Секирник (сува трева);
Општина Ново Село: с. Мокриево (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Ласкарци – с. Паничари (ниска вегетација);
Општина Ресен 1: с. Ѓавато (сува трева);
Општина Ресен 2: Кај гробиштата (сува трева);
Општина Прилеп: ул. „Дабничка“ (сува трева);
Општина Битола 1: с. Кременица (сува трева);
Општина Битола 2: с. Велушина (сува трева);
Општина Долнени: с. Пешталево (ниска вегетација);
Општина Македонски Брод: Во градот Македонски Брод (сува трева);
Општина Свети Николе: с. Орел (депонија);
Општина Сарај 1: с. Глумово (ниска вегетација);
Општина Сарај 2: с. Бојане (ниска вегетација);
Општина Чучер-Сандево: Аеродром Стенковец (ниска вегетација);
Општина Гази Баба: ул. „Перо Наков“ (ѓубриште);
Општина Бутел: нас. Визбегово (ниска вегетација);
Општина Студеничани: с. Долно Количани (ниска вегетација);
Општина Куманово 1: с. Брзак (ниска вегетација);
Општина Куманово 2: с. Речица (ниска вегетација);
Општина Куманово 3: с. Војник (ниска вегетација);
