Вести Македонија Најважни

„Вреди“ го повлекува рокот од шест месеци за отворање на Уставот и внесување на Бугарите

Рокот од шест месеци кој коалицијата „Вреди“ го даде за отворање на Уставот и внесување на Бугарите во него повеќе не важи. Уставните измени кои беа приоритет во предизборието сега може да почекаат, а од коалицијата велат дека не станува збор за притисок од партнерот во Владата – ВМРО-ДПМНЕ, туку поради политичката нестабилност во Бугарија и претстојните избори, седми во изминатите три години во соседната држава.

Од „Вреди“ се децидни дека е неопходна стабилна влада во Бугарија, за да може со посредство на меѓународната заедница да се разговара околу отворањето на Уставот и внесувањето на Бугарите, но не прецизираа дали се согласуваат со идејата на партнерот во Владата ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени.

Од СДСМ, пак, и порачаа на коалицијата „Вреди“ да ги исполни дадените ветувања, бидејќи токму заради нив ги освоиле гласовите на граѓаните.

Околу барањето на ДУИ за ветинг на носители на јавни функции, бизнисмени и процесот на приватизација од 1991 година, па до сега кој би ги спровеле меѓународни експерти, од коалицијата „Вреди“ одговорија дека се подготвени да поднесат амандмани за измена на Уставот, со што ќе се овозможи ревизија на сите правосудни постапки за поранешни или сегашни избрани и именувани лица кои се прекинати заради застареност на евентуалната кривична одговорност.

Од „Вреди“ им порачаа на ДУИ доколку навистина сакаат да се борат против корупцијата и криминалот, а не само декларативно, да ги поддржат амандманите за измена на Уставот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

Дејан Дејан

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Дејан Дејан

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе