Американските разузнавачи објавија дека одржале средба со американскиот претседател Џо Бајден, а темата, како што се претпоставуваше, бил потенцијален напад на Иран и неговите сојузници врз Израел.
Еден од високите функционери истакнал дека Иран дефинитивно ќе возврати, но дека одговорот на Иран и Хезболах се уште е во процес на планирање.
Она што разузнавачите најмногу разговарале со Бајден, но и со потпретседателката Камала Харис, е интензитетот на нападот.
Според проценките, разузнавачките служби нагласиле дека се очекува сценарио кое вклучува два брана напади. „Едниот напад ќе го изврши Хезболах, а другиот Иран.
Останува нејасно кој прв ќе нападне и каков напад имаат намера да изведат“, пренесува „Џерусалим пост“.
Исто така, Белата куќа беше информирана дека Пентагон очекува дополнителни напади на проиранските сили во Ирак, во областите каде што се стационирани американски војници. Првиот напад е веќе извршен на аеродромот Аин ал Асад.
„Разговаравме за чекорите што ги преземаме за да ги заштитиме нашите сили и да одговориме на секој напад врз нашиот народ на начин што ние ќе го избереме“, соопшти Белата куќа.
Неколку американски војници ранети во ракетен напад на базата „Аин ал Асад“ во Ирак