Вести Македонија Најважни

Меџити: Ако се водиме од кривичните пријави, никој од нас не треба да биде дел од власта

„Ако се водиме од кривичните пријави, никој од нас не треба да биде дел од власта“, искрен е вицепремиерот Изет Меџити, во одговорот на прашањето, зошто предлагаат лица со кривични пријави за директори на институции. Тврди дека новоименуваниот в.д. директор на Државниот завод за индустриска сопственост, Елјеса Незири, против кого има кривична пријава за насилство, всушност бил сведок, а не учесник во таков настан.

Но, во документот до кој дојде Телма, Незири се повикува на испитување во Јавното обвинителство во Скопје во својство на осомничен за кривично дело насилство. Предлогот на „Вреди“, пак, за в.д. директор на велешкиот затвор да биде поставен Ибраим Елези, кој бил осуден на четири години затвор за продажба на наркотици, беше повлечен по реакциите во јавноста.

Меџити тврди и дека владината коалиција е стабилна, најстабилна од 90-тите години до сега,  и покрај различните ставови со ЗНАМ. Убеден е дека ќе ги надминат несогласувањата, особено околу Балансерот, за кој министерот Горан Минчев најави промени. Се противат на новата пресметка на процентот на бројот на население од етничките заедници, кој од сега ќе се пресметува само врз основа на резидентното население, односно на населението што живее во државата. Сметаат дека, треба да остане досегашната пракса, во овој процент да влезат и лицата кои живеат во странство.

Но, министерот најави дека нема да преговара за новата методологија, затоа што, со броење на дијаспората е направена злоупотреба и е зголемен процентот за вработување на Албанци во државната администрација на 29,54%.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

(видео)Оштетена железничката инфраструктура – од електровлечната подстаница Драчево украдена опрема вредна пет милион евра

Дејан Дејан

(видео)Органодарителството спасува живот – мора да биде доброволно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе