Вести Најважни Свет

(ФОТО/ВИДЕО) Атентаторот кој го “измами” обезбедувањето на претседателот Трамп

Голем безбедносен пропуст на тајната служба која ги обезбедува актуелниот и поранешните претседатели на САД, коментираа двајца поранешни агенти на службата за CNN.

Тие го критикуваат обезбедувањето поради тоа што не го ,покрило” со луѓе и снајперист, кровот од кој пукал атентаторот.

Кровот се наоѓа на околу 200 метри од локацијата на митингот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп којшто беше цел на атентатот.

Трамп е повреден во десното уво кое како што самиот објави му е “пробушено од куршумот”. При обидот за атентат покрај ликвидираниот атентатор, загина уште еден учесник на предизборниот митинг, а двајца се тешко ранети.

Атентатор е 20-годишно момче кое живеело во град во државата Пенсилванија, на 30-тина километри од локацијата на атентатот. Томас Метју Крукс се искачил на кров на објект во близина на митингот со полуавтоматска пушка од типот AR 15.

Никој не го забележал момчето со долга коса и наочари, облечено во облека со војнички дезен. Од кровот имал совршен поглед кон целта на сцената од која се обраќал Трамп на своите приврзаници.

Повеќе сведоци, по атентатот, тврдат дека дека го забележале сомнителното момче. Веќе има и медиумски сведочења дека имало и пријави во полицијата.

Но, Крукс бил регистриран од тајната служба дури по првите истрели од кои еден бил неуспешен и наменет за Трамп. Веднаш потоа  е ликвидиран по кратка престрелка со агентите на американските служби.

Крукс бил регистриран како републикански поддржувач во 2021-ва, но потоа имал донација од 15 долари за демократите.

ФБИ сега го истражува минатото и контактите на атентаторот во обид да се откријат мотивите за злосторот. Крукс немал документи во себе, но бргу е идентификуван.

Неговиот татко во кратка изјава за CNN не сакал да коментира наведувајќи дека се обидува да сфати што се случило и прво ќе разговара со полицијата и властите.

Во меѓувреме TMZ објави видео на која се гледаат моментите на престрелката меѓу атентаторот и агентите. Снимката е вознемирувачка, а се слушаат вресоци и викање на луѓето кои биле на митингот и во близина на местото на атентатот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе