Вести Македонија Топ вести

Четиринаесетгодишно момче почина откако врз него падна бојлер додека се туширал

Вистинска трагедија се случила вчера во Маврови Анови, откако Д.Ѓ. (55) во 18 часот во полициско одделение Маврово пријавила дека нејзиниот малолетен син починал, откако врз него паднал бојлер додека се туширал. Неофицијално се работи за 14-годишно момче.

„Според пријавата, малолетникот се здобил со повреди и починал, откако врз него паднал бојлер во куќата во населбата Маврови Анови”, информираат од СВР Тетово.

Од МВР известуваат дека за настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Вечерва извршен одбор во СДСМ-ќе успее ли раководството да се консолидира или ќе се потврдат внатрешните разлики?

Kristina Kuzmanovski

Од 15 ти месецов нови промени на македонските патишта

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе