Вести Македонија Најважни

Мицкоски денеска до Собрание ќе ги поднесе предлогот за нов владин состав и владината програма

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на нова влада во земјава, Христијан Мицкоски денеска до Собранието треба да го достави предлогот на владата и програмата за нејзиното работење.

Претседателот на парламентот Африм Гаши потоа се очекува да ја закаже собраниската седница за избор на новата влада во сабота во 11 часот и таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.

Колку ќе трае оваа седница, ќе зависи од бројот на пријавени пратеници за збор и дебатата во пленарната сала.

Во новата влада, која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ќе влезат и партиите од коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ, кои веќе ги објавија своите предлози за министри.

Мицкоски, вети дека како премиер ќе се бори за остварување на стратешките цели како што се членството во Европската Унија и добрите релации кон стратешките партнери, дека нема да подлегнува на темите кои разединуваат и дека ќе се фокусира на проблемите и сиромаштијата на граѓаните.

Рече и дека нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да се претвори во СДСМ, а Вреди во ДУИ.

Им порача на новите функционери да ги „засукаат ракавите“ и нагласи дека никој нема да смее да застрани бидејќи ќе биде сменет.

СДСМ ја повика на национално единство и рече дека ќе биде отворен за дијалог за сите големи прашања за државата.

Нови лица и политички ветерани, во новата влада само три жени

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден убиен новинар во Мексико

Дејан Дејан

Европските лидери ја номинираа, сега и треба поддршка – Фон дер Лајен во „лов“ на гласови во ЕП за нов мандат на чело на ЕК

Дејан Дејан

Макрон, Ле Пен или некој трет – Франција е на 24 часа до најзначајните избори во последните децении

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе